Нетанјаху: Израел не го прекрши договорот за прекин на огнот со Хамас

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска негираше дека Израел го прекрши договорот за прекин на огнот со Хамас.

Во своето обраќање пред Кнесетот, Нетанјаху рече дека, според писмото што го придружуваше договорот на претходната американска администрација, со поддршка на администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, Израел има право во секое време од 42-от ден да ги напушти преговорите и да се врати во борбата доколку „се добие впечаток дека разговорите се бесмислени“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој изјави дека не може да не се согласува со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф дека страните се премногу оддалечени за да преминат во втората фаза и дека тоа ги загрозува разговорите.

„Имаме предлог пред нас. Сè уште сме договорени, не го прекршуваме договорот, но не се враќаме веднаш во војна. Кој знае, можеби ќе ни треба. Виткоф нуди начин да се вратат сите заложници, за време на двете ослободувања“ – рече Нетанјаху.

Во обраќањето до Хамас, Нетанјаху рече дека доколку не ги ослободат израелските заложници, ќе се соочат со последици кои не можат ни да ги замислат.

Откако детално зборуваше за неговата одлука да ја одобри „пејџер операцијата“ против Хезболах, Нетанјаху рече дека тоа е начинот на кој функционира неговата влада – да го направи она што е добро за земјата, во вистинско време и на вистинско место.

Тој повторно го оцени планот на американскиот претседател Доналд Трамп за поттикнување на емиграцијата од Газа како „храбар и иновативен“. „Мораме да го поддржиме. Ние целосно го поддржуваме тоа“, рече тој, тврдејќи дека десетици илјади богати жители на Газа биле поткупени да ја напуштат Газа. Како што истакна, дојде време да им се даде слобода да си заминат, да им се даде слобода на избор. Кога станува збор за Сирија, Нетанјаху рече дека рацете на Израел се подадени кон Друзите и Курдите, пренесува Танјуг.

Осврнувајќи се на Иран, тој истакна дека Израел ќе продолжи да дејствува решително за да се осигура дека Иран нема да добие нуклеарно оружје.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху ја губи власта на почетокот на следната недела

А1он

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија