Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи

Од:

Одлуката за продолжување на војната во Украина е донесена во Лондон, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На самитот што се одржа вчера, на кој учествуваа лидери на деветнаесет земји, беше одлучено поддршката за Украина да продолжи и дека повторното вооружување ќе биде неопходно за безбедноста на Европа.

– Во Лондон европските лидери одлучија дека е потребна војна, а не мир. Тие одлучија Украина да ја продолжи војната, напиша унгарскиот премиер на Фејсбук.

Орбан потоа додаде дека ова е „лошо, погрешно и опасно“ и дека Унгарија останува „на страната на мирот“.

На состанокот, чиј домаќин беше британскиот премиер Кир Стармер, присуствуваа 19 лидери, главно европски шефови на држави и влади, но беа и канадскиот премиер Џастин Трудо и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Би можело да ве интересира

Ескалација на рускиот напад во Одеса

Вашингтон: Трамп е решен да ја заврши војната во Украина

Медведев: Пашинјан ја турка Ерменија по патот на Степан Бандера

Русија ги предупредува жителите на Киев: Напуштете го градот што е можно поскоро

Горан Наумовски

Зеленски предупредува: Русија подготвува напад со ракети „Орешник“ врз Киев

Предраг Петровиќ

Зеленски со писмо до ЕУ: Предлогот за придружено членство на Украина е неправеден