Илон Маск доби уште еден син, негово четиринаесетто дете

Од:

Извршниот директор на Tesla и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, милијардерот Илон Маск, доби уште еден син, неговото четиринаесетто дете.

Маск го доби синот со Сивон Зилис, извршен директор на компанијата „Неуралинк“, со која веќе има три деца, објави Ројтерс.

„Разговаравме со Илон и, во светлината на прекрасната роденденска прослава на Аркадија, сметавме дека е најдобро да ја споделиме веста директно за нашиот прекрасен и неверојатен син, Селдон Ликургус“, напиша Зилис на социјалната мрежа X.

Маск на нејзината објава одговори со емоџи со срце.

Нејзината објава доаѓа две недели откако инфлуенсерката Ешли Сент Клер откри дека и таа неодамна родила дете на Маск.

Би можело да ве интересира

Илон Маск прогласи почеток на нова граѓанска војна во САД

Рација во калцелариите на X во Париз, Илон Макс повикан на сослушување

Маск бара 134 милијарди долари од OpenAI и Microsoft поради „нелегална добивка“

А1он

Маск: Летови до Марс веќе во 2026 година

SpaceX на Маск е на пат да го престигне OpenAI и да стане највредната приватна компанија во светот

Маск: Укинете ја Европската Унија!

А1он