Тетовската полиција вчера во 16 часот во тетовското село Долно Палчиште ги уапсил А.М.(18) од село Горно Палчиште, С.У.(50) од село Долно Палчиште и Ј.И.(43) од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња.
За настанот биле известени јавен обвинител и Агенцијата за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка.
Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.