Пешак загина во сообраќајка на магистралниот пат Прилеп – Битола

Од:

Во СВР Битола било пријавено дека вчера околу 19.30 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на надвозник на Технолошко индустриската развојна зона Прилеп, товарно возило „МАН“ со полуприколка управувано од З.Д.(50) од Скопје, удрило во пешакот О.Б.(74) од прилепското село Беровци.

Од здобиените повреди на местото починал пешакот О.Б., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Шабац, камион удри во екипа на пат

Осуммина тешко повредени во верижен судир кај Битола, патот е затворен

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница