Стармер: Сè уште сме во разговори за евентуално испраќање британски војници во Украина

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер повторно повика на американска безбедносна гаранција за Украина за да спречи нов руски напад, додека се подготвува да се сретне со Доналд Трамп.

Како што јави Би-Би-Си, на летот за Вашингтон, Стармер рече дека се надева оти односите меѓу Обединетото Кралство и САД ќе продолжат да се подобруваат. Тој посочи дека се уште траат дискусиите за можното испраќање британски војници во Украина, но повторно ја истакна важноста на таканаречената американска „поддршка во заднина“.

„Токму каква би била таа конфигурација, што точно подразбира таа поддршка, очигледно е предмет на интензивна дебата, но не сакам да одам премногу пред тоа, освен да бидам многу јасен за принципите“, рече тој.

Спротивно на тоа, Трамп рече дека нема да обезбеди безбедносни гаранции.

„Нема да дадам безбедносни гаранции освен многу ограничени. Тоа ќе го направи Европа бидејќи зборуваме за Европа како сосед“, рече Трамп.

Трамп додаде дека очекуваниот договор меѓу Вашингтон и Киев за пристап до украинските минерали функционира „одлично“ за Украина бидејќи ќе ги донесе САД во Украина.

– Ние ќе бидеме на нејзино тло и така ќе има автоматско обезбедување затоа што никој нема да посегне по нашиот народ, рече Трамп.

Сè уште не е познато колкава безбедносна поддршка бараат европските лидери од САД, ниту пак е познат степенот на каква било американска воена инволвираност во Украина поврзана со договорот за минерали.

Стармер изјави дека на Украина и треба траен мир, а не прекин на огнот.

„Размислувам како да го зачувам мирот во Европа и како да постигнеме траен мир во Украина. Токму што значи тоа, како тоа ќе изгледа, очигледно е предмет на интензивна дебата. Ние ќе го направиме нашиот дел и јасно ставив до знаење дека ќе ни треба некаква американска поддршка. Мојата загриженост е дека ако има прекин на огнот без нивна поддршка, тоа едноставно ќе му даде на Путин можност да почека и да нападне повторно, бидејќи неговата амбиција околу Украина е сосема очигледна, мислам дека тоа им е јасно на сите“, вели Стармер.

Би можело да ве интересира

Трамп на средбата со Стармер порача: Украина нема да влезе во НАТО!

А1он

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Стармер: Украина мора да биде во срцето на преговорите

Стармер им порача на земјите од ЕУ да ја засилат поддршката за Украина

Горан Наумовски

Трамп најави важен разговор во следните 24 часа

А1он

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер