ВМРО-НП: Со големо олеснување во Македонија ќе биде прифатена целосната рехабилитација на движењето на Дража Михајловиќ

Од:

Во рамките на Февруарскиот поход, на 29 февруари 1944 година третата борбена група составена од баталјонот „Стив Наумов“ и баталјонот „Христо Ботев“ (составен од бугарски партизани) на планината Козјак се судрија и го разгромија четничкиот Вардарски корпус. Битката траела 10 часа на фронт од околу 2 км, а бројот на српско-македонските четници се смета дека бил околу 800 од кои 100 биле заробени. Оваа битка е најголема дотогаш на македонските партизани во рамките на Февруарскиот поход но и во рамките на целото партизанско движење. Со оваа битка конечно се ставило крај на четничкиот Вардарски корпус кој до италијанската окупација броел повеќе луѓе и повеќе единици од македонските партизани, се вели во соопштението од ВМРО-Народна партија.

Притоа од партијата истакнуваат:

„Во тоа време доаѓа и предавството на српскиот крал кој повикал четниците да преминуваат во партизани и со тоа имаме масовно реорганизирање на четничките, во партизански баталјони. Скопската и Поречката четничка бригада стануваат Скопска односно Поречка партизанска бригада, а на лидерите на четничкото движење како академик Божидар Видоевски им се дава главна улога во креирањето на македонскиот јазик.

Со оглед на најновите тенденции и влегувањето на Македонија во српскиот свет како и масовните празнувања на српското ослободување на „Стара Србија“, а со оглед дека веќе во соседна Србија равногорското движење се третира како антифашистичко, можеби е време за комплетна рехабилитација и на четничкото движење во Македонија. Со тоа ќе го комплетираме процесот и сите празници на кралска Југославија кои масовно ги празнуваме во С. Македонија. ВМРО-Народна партија смета дека со големо олеснување во Македонија ќе биде прифатена целосната рехабилитација на движењето на Дража Михајловиќ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-Народна повикува на бојкот на екс-ју музичарите

ВМРО-НП: Треба да се размисли за укинување на приватните пензиски фондови и враќање на единствениот државен пензиски фонд

ВМРО-НП: Не можеме да ја прифатиме комплетната негација на Коридорот 8

ВМРО-Народна партија: Колку Македонија е посилна против бугарскиот диктат толку е поотворена и без никаков проблем го спроведува српскиот диктат

Горан Наумовски

ВМРО Народна: Денот на ВМРО да го замениме со денот на „кумановската битка“

Катерина Ѓуровски

ВМРО-НП: Се почести навреди од северниот сосед за Македонците