Ливерпул со прва победа кај Сити по 10 години

Од:

Ливерпул рутински го совлада Манчестер Сити по втор пат во сезоната, откако истиот резултат важеше на „Енфилд“ (2:0) на крајот од минатата година.

„Црвените“ на тој начин отидоа на +11 во однос на првиот следбеник Арсенал (со натпревар повеќе), и ги оставија „граѓаните“ цели 20 бода на четвртото место на табелата.

Воедно, ова беше прва победа на Ливерпул на „Етихад“ во Премиерлигата од 2015 година.

Играч на натпреварот дефинитивно беше Мохамед Салах, кој имаше гол и асистенција – исто како и Собослаи.

Сити практично немаше ниту една вистинска можност во текот на целиот натпревар.

Се чини дека ова беше натпреварот кој го реши шампионот на Англија за сезоната 2024/25 иако има уште 11 кола до крајот за „црвените“.

Би можело да ве интересира

„Седам во затворска ќелија, а околу мене убијци и силувачи“ – екс играчот на Арсенал и Ливерпул ја отвори душата

А1он

Ливерпул донесе одлука за Мохамед Салах

Ливерпул го победи Барнли со гол од пенал во судиското надополнување

Предраг Петровиќ

Исак амбициозен: „Со Ливерпул сакам да стигнам до сите трофеи“

Ливерпул ја отфрли понудата од 58,6 милиони фунти на Баерн за Луис Дијаз

ВИДЕО: Снимки од местото на страотната несреќа во која загина Доиго Жота