(ВИДЕО) Повторно фудбалер на Фиорентина се сруши на терен, играчите панично повикуваа помош

Од:

Страшни сцени на мечот од 26. коло на италијанската Серија А меѓу Верона и Фиорентина. Напаѓачот на Фиорентина, Моис Кин колабираше на тревникот на средината на второто полувреме, а играчите на двата тима веднаш панично почнаа да повикуваат помош.

Лекарскиот тим веднаш влезе на теренот и Кин беше изнесен на носилки.

Засега нема информации за здравствената состојба на Кин.

Причина за падот се сомнева дека е повредата на главата која ја здоби неколку минути претходно.

Од летото 2024 година, Кин е играч на Фиорентина, која за него на Јувентус му плати 13 милиони евра. Тој игра многу добро оваа сезона и има 19 гола и две асистенции во 29 настапи.

Кин е вториот фудбалер на Фиорентина кој се онесвести на еден натпревар оваа сезона.

Имено, на 1 декември минатата година на мечот против Интер колабираше Едуардо Бове.

Би можело да ве интересира

Одложени натпреварите во Италија поради смртта на папата Франциск

Горан Наумовски

Нови случаи во кои играчи од Серија А се обложуваат

А1он