Ерјавец: Ќе лобираме преговорите на Србија за членство во ЕУ да започнат во декември

Од:

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави дека неговата земја ќе настојува преговорите на Србија за членство во ЕУ да започнат што е можно побрзо, по можност уште во декември.

– Локалните избори во Косово претставуваат важен чекор, кој води кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Затоа искрено сакам и очекувам изборите да бидат успешни и во нив да учествуваат што е можно поголем број на косовски Срби, бидејќи со тоа ќе си обезбедат политички услови, кои ќе придонесат за донесување решенија за нивната иднина, истакна Ерјавец.

Шефот на словенечката дипломатија е дел од делегацијата предводена од премиерот Аленка Братушек, која денеска се наоѓа во посета на Србија.

Според белградскиот весник „Блиц“, на денешната прва заедничка средба на двете влади се очекува да биде потпишан договор за размена на доверливи информации.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ