Обвинетите имале еден неуспешен обид за киднапирање на Вања

Од:

Три дена пред киднапирањето на Вања, на 24.11.2023 имало неуспешен обид за нејзино грабнување, покажуваат снимките разгледани на денешното рочиште за убиството, а беа презентирани како доказ на Обвинителството. Се работи за снимки од безбедносни камери, а на кои се гледа куќата и дворот на еден од обвинетите, Велибор Манев.

На видеонадзорот од 21 и 22 ноември 2023 година, вечерта пред да биде убиен Панче Жежовски се гледаат сите четворица обвинети за грабнувањето и убиството, односно обвинетите Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев.

Според снимките, Манев доаѓа во куќата со возило заедно со Боре Видевски, а потоа во куќата со „рено кангу“ доаѓаат Љупчо Палевски и Влатко Кешишев.

-На една снимка од дворот на Манев во Велес, се гледа како тројца обвинети вршат тестирање дали радиостаниците функционираат. Забележливо е дека Палевски на јакната има закачено микрофон, а исто имаат и Манев и Видевски. Од записите се гледа дека Палевски носи јакна која има три бели ленти на ракавите, а Манев носи тренерка која на ракавите има три бели ленти- појасни обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска на денешното рочиште.

По извесно време обвинетите се гледа од снимката како се организираат за нешто, внесуваат работи во кангуто, Кешишев се прекрстува и за кусо време се упатуваат во правец кон Велес.

Потоа беа прикажани снимки од 24 ноември 2024 година, денот кога е направен обид за грабнување на малолетната Вања.

Би можело да ве интересира

Одбиено барањето на Палевски за изземање на обвинителите, се гледаат снимки од камерите на куќата на обвинетиот Манев

Ново рочиште за убиствата на Вања и на Панче

Катерина Ѓуровски

Палевски повторно бара изземање на обвинителите, тврди дека фалсификувале докази

Катерина Ѓуровски

Во Кривичен продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче, се очекува да сведочи Гоце Трајковски

Катерина Ѓуровски

Вања е грабната во 7.29, Цитроенот запален во 9.30, а реното Кангу се враќа во седиштето на Десна