ЛШ: Реал ќе игра против Атлетико, ПСЖ налета на Ливерпул

Од:

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги одреди двојките за осминафиналната фаза од Лигата на шампионите.

Актуелниот шампион, Реал Мадрид, кој повторно се смета за главен фаворит за трофејот, во оваа рунда ќе се соочи со градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Интересна е пресметката и меѓу Пари Сен Жермен и Ливерпул. Ќе има и германски дуел меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен.

Првите натпревари ќе се одиграат на 4 и 5 март, додека реваншите се закажани за 11 и 12 март.

Двојки за осминафиналето во Лигата на шампионите
🔹 ПСЖ – Ливерпул
🔹 Реал Мадрид – Атлетико Мадрид
🔹 Феенорд – Интер
🔹 Борусија Дортмунд – Лил
🔹 Клуб Бриж – Астон Вила
🔹 ПСВ – Арсенал
🔹 Баерн Минхен – Баер Леверкузен
🔹 Бенфика – Барселона

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битка за најзначајниот фудбалски трофеј на Вембли: Последен танц за Крос и Ројс

Спектакл во осминафиналето – Баерн има 60 отсто шанси да го извлече ПСЖ или Ливерпул

Стартува новата сезона во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Крос се изнервира од новинар: Имаше 90 минути и смисли вакви две п*срани прашања

УЕФА му го одзеде на Санкт Петербург финалето во Лигата на шампионите

Грешки во извлекувањето: УЕФА призна, ждрепката за Лигата на шампионите ќе биде повторена

Катерина Ѓуровски