Вашингтон и Сеул заедно работат на спречување евентуален напад од Северна Кореја

Од:

Министрите за одбрана на САД и Јужна Кореја денеска потпишаа договор со кој се предвидува употреба на нова воена стратегија со цел за подобро координирање на заедничкиот одговор при евентуален напад од страна на Пјонгјанг на Корејскиот полуостров.

Министрите Чак Хејгел и Ким Кван-јин, исто така, постигнале договор и да се преразгледаат временските рокови за пренос на командната контрола на нивните заеднички сили на Корејскиот полуостров од американската на јужнокорејската војска.

Планирано е јужнокорејските сили да ја преземат командата од американските сили во декември 2015 година, но Сеул бара тоа да биде одложено, со образложение дека Северна Кореја и понатаму развива нуклеарно оружје и ракетна програма.

Хејгл истакнал дека САД се подготвени за употреба на „сите свои расположливи воени способности“, вклучувајќи нуклеарна, противракетна одбрана и конвенционално оружје, со цел да се спречи Северна кореја од преземање агресивни воени акции против јужниот сосед.

Двајцата министри не прецизирале како би изгледала стратегијата за спречување на евентуалниот напад од Пјонгјанг.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија