Левица: Државата да обезбеди еднаков паричен надоместок за децата без родителска грижа

Од:

Обврска на секоја држава е да се грижи за сите деца подеднакво, вклучително и за децата без родители и родителска грижа. Тоа подразбира згрижување, обезбедување на нивна достоинствена егзистенција, школување, здравствена грижа како и обезбедување на нивните останати потреби. Со цел да се избегне институционално згрижување, веќе неколку години, децата без родители и родителска грижа се сместуваат во т.н. згрижувачки семејства, а за таа намена државата им исплаќа надоместок за згрижување, велат од Левица.

„За жал, овој надоместок државата не го исплаќа доколку згрижувачите се во роднинска врска со децата. Односно, во услови на т.н. роднинско згрижување, со образложение дека роднините имаат законска обврска да ги згрижат овие деца, децата во овие семејства се ускратени за овој додадток. Поради ваквата законска одредба, децата без родители и без родителска грижа се оставени да егзистираат само од личните примања на згрижувачот (кој најчесто е баба, дедо, вујко или тетка). Егзистенцијата на овие деца е исклучително од нивните плати или уште почесто пензии, средства кои недоволни за нормален живот, но без дополнителна помош од државата.

Токму заради фактот дека роднинското згрижување е најдобро за децата без родители и родителска грижа, државата наместо да го стимулира ваквиот вид на згрижување на децата без родители, таа го дестимулира и дополнително го отежнува семејниот буџет загрозувајќи ја егзистенцијата на овие деца.

Поради ова пратениците на Левица ќе поднесат законски измени во Законот за социјална заштита (член 123 став 2), со кои државата ќе се обврзе да исплаќа ист паричен надоместок и за децата кои се згрижени од страна на членови на нивните семејства. Сметаме дека ускратувањето на паричниот надоместок на децата згрижени во сопствени семејства е дискриминирачки во споредба со останатите и дополнително ја отежнува нивната егзистенција, тврдат од партијата

Би можело да ве интересира

Левица предлага закон за двојно зголемување на износот за поврат на ДДВ по физичко лице

Левица: Куќниот притвор на Груби прв резултат на обвинителството раководено од кадри на ДПМНЕ

Горан Наумовски

Мојсоска: Кој „не ги виде“ машините во изворот што ја снабдува Струга со вода?

Горан Наумовски

Левица: Со новиот закон за високо образование професори ќе можат да станат само децата на богатите

А1он

Левица: Претседателката Давкова да не го потпишува новиот закон за легализација на дивоградби

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев