Познатиот турски издавач „Немезис“ од Истанбул деновиве го објави романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски. Книгата е објавена во едицијата „Светски роман“, во превод на турски јазик од Левенд Амедов.
Првите критички одгласи за „Сестрата на Зигмунд Фројд“ го свртуваат вниманието на читачката публика во Турција. Во магазинот за уметност „Милиет Санат“, критичарката Хасрет Парлак оценува дека станува збор за импресивен роман. Пишувајќи за успехот на овој роман, таа го изнесува податокот дека романот со преводите во светот ја надминува бројката од 30 јазици.
За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ Гоце Смилевски во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската унија, а минатата година и Наградата за медитеранска култура.