Младиот пејач Оли победи на Сан Ремо со песната Носталгија

Од:

Младиот италијански пејач Оли од Џенова е победник на овогодинешното 75-то издание на фестивалот Сан Ремо.

Оли како голем фаворит синоќа настапи со песната „Носталгија“ со која по победата во Сан Ремо ќе ја претставува Италија на претстојниот Избор за песна на Евровизија, пренесува РАИ.

Оли победи со 31 отсто од гласовите, Лусио Корси е втор со 25,7 отсто, а Брунори Сас на третото место со 16,6 отсто.

“Тоа не ми изгледа реално, толку сум среќен. Не знам што да кажам, делувам вознемирено, но многу сум среќен. Лусио, ти си многу моќен кантавтор. Поздрав до сите”, изјави победникот по гласањето.

Оли е роден на 5 мај 2001 година во Џенова како Федерико Оливиери, од татко адвокат и мајка судија.

Како тинејџер се запишал на конзерваториум и во 2014 година на 14 години го напишал својот прв текст.

2022 година беше клучна за неговата кариера благодарение на песната „Un altra volta“, која ја објави како сингл и набргу потоа стана вирална на TikTok, надминувајќи пет милиони стримови.

Би можело да ве интересира

Роби Вилијамс првпат отворено за новата дијагноза: „Сега имам оправдување за сè“

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на „Американска пита“ за девет дена заработила милион долари на OnlyFans: „Сакам да ги поместам границите“

Предраг Петровиќ

Туристите во Грција предупредени: Летувањето за неколку секунди може да се претвори во трагедија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Вака изгледа новата јахта на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ: Долга е 26 метри

Исплива предбрачниот договор на Роналдо и Георгина: Еве како би го поделиле богатството при развод

Предраг Петровиќ

Се венчаа Кристијано Роналдо и Георгина Родригез