Претседателот на Иран, Хасан Рохани изрази ветување дека на населението во земјата ќе обезбеди право на пристап до глобални информации, објави телевизијата „Фокс њуз“.
Според телевизијата претседателот на Исламистичката република одговорил преку својот микроблог на Твитер на прашање на еден од неговите основачи Џак Дорси дали Иранците ги гледаат извештаите на Рохани на социјалната мрежа.
– Добра вечер, Џак, објавил иранскиот претседател на Твитер, додавајќи дека неговите напори се насочени кон обезбедување на правото на своите граѓани да добијат можност за лесен пристап до глобалните информации.
Во септември поради техничка грешка Иранците кратко време имаа пристап до голем број странски сервери, вклучително Твитер и Фејсбук, кои беа забранети во 2009 година, во пресрет на претседателските избори во земјата.