Дваесет и три лица осудени на смрт биле егзекутирани за два дена во Ирак, соопшти ирачкото Министерство за правда.
Егзекуциите биле извршени на 22 и 26 септември со бесење. Од почетокот на годината досега се извршени најмалку 90 смртни казни во Ирак.
Според Министерството, дваесет од егзекутираните се членови на Ал Каеда или терористи. Останатите тројца се осудени за криминални дејствија чиј карактер не се прецизира. Минатата година во Ирак биле егзекутирани 129 луѓе.