Венс: САД сака траен мир во Украина

Од:

Соединетите држави имаат за цел „траен мир“ во Украина, „мир што нема да ја турне Источна Европа во конфликт за само неколку години“, изјави денеска американскиот потпретседател Џеј Д. Венс, кој се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Венс и Зеленски, кои се сретнаа на маргините на Минхенската безбедносна конференција, им рекоа на новинарите дека имале „добар разговор“.

Венс рече дека ќе следат дополнителни разговори „во деновите, неделите и месеците што доаѓаат“.

„Треба да разговараме повеќе, да работиме повеќе и да подготвиме план да го запреме (рускиот претседател Владимир) Путин“, рече Зеленски по состанокот на маргините на конференцијата.

Тој додава дека Украина „многу“ сака мир – но има потреба од вистински безбедносни гаранции, велејќи дека е „благодарен“ за американската поддршка.

Запрашан како САД планираат да напредуваат ако Украина не сака да седне на маса со Путин, Венс рече дека во преговорите е вклучен висок тим и дека е „важно да се собереме“ за да разговараме“.

Многу меѓународни претставници собрани на Минхенската безбедносна конференција со нетрпение ги очекуваа деталите за состанокот, кој се одржа во петокот доцна попладне.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Киев подготвува детални информации за разговорите со претставникот на Трамп

Зеленски го заменува украинскиот премиер – Владата ќе ја предводи жена

„Аксиос“: Путин го предупреди Трамп дека планира нов напад во Украина

Греам: Рекордна количина оружје ќе и биде доставена на Украина

Шекеринска: НАТО нема да се двоуми во обезбедувањето помош за Украинa

Горан Наумовски

Трамп: Испраќаме ракети „Патриот“ во Украина