Пијанистката Дуња Иванова утре ќе настапи во Њујорк

Од:

Пијанистката Дуња Иванова утревечер ќе одржи концерт во Македонскиот културен центар (Gallery MC) во Њујорк со дела од современите композитори Лудовико Еинауди и Филип Глас, кои првпат ги изведе на солистички концерт на годинашното Скопско лето.

Гостувањето на Иванова во Њујорк е дел од Програмата на Министерството за култура за 2013 година.

– Њујорк е несомнено градот во кој нештата во ниту еден момент не стивнуваат. Деновиве пред концертот ме инспирираат поинакви доживувања. Со пријатна возбуда го чекам 3 октомври кога во Gallery MC на Менхетен и јас ќе ја добијам шансата на овој нескротлив град  да му подарам дел од себе. Еинауди и Глас се автори кои на ова тло и тоа како се популарни, па очекувам дека публиката ќе умее да ужива и во мојата интерпретација, изјави Иванова.

Дуња Иванова (Скопје, 1985)  магистрираше на одделот за пијано на Факултетот за музичка уметност и на Катедрата по естетика на Филозофскиот факултет, каде што во моментов е докторанд. Од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Настапувала во Париз, во Рагуза, Сицилија, на Сараевска зима, и на домашните манифестации Охридско лето, Музика вива, Денови на македонска музика, Скопско лето… Автор е на книгата „Естетското доживување на музиката“ (2010).

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска