СДСМ е против промената на државниот грб

Од:

Ние сметаме дека државниот грб сосема соодветно, прво хералдиски ги отсликува сите карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и придобивките од Народноослободителната и антифашистичка војна. Нема никаква поделба во однос на етнички групи и доколку има таква иницијатива со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Прашан како е ставот на СДСМ за промена на државниот грб, Филипче денеска одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во седиштето на партијата, рече дека ова е уште еден од низата ненајавени и испланирани предлози на ВМРО-ДПМНЕ, што се повторува од претходно.

– Тоа е еден предлог што сега се повторува. Да потсетам дека тој предлог беше на маса пред повеќе години за време на минатата влада, кога беа во коалиција заедно со ДУИ. Тогаш беше дел од еден пакет на мерки што требаше да се донесе. Конкретно сметам дека првата дилема што се поставува е дали можеби внатре во коалицијата со ВЛЕН, давајќи го овој предлог за измена на државниот грб, не се разговара и за измена на химната. И тоа е нешто на што ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори, рече Филипче.


Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб.

– Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што се уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации, рече Мицкоски.

Премиерот потсети дека договор за менување на државниот грб имало и меѓу ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ кога тие во истата влада.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат