Борбен авион се урна во залив во САД, крајбрежната стража ги извлече двајцата пилоти

Од:

Двајца пилоти се спасени откако борбен авион се урна во заливот Сан Диего денеска рано наутро по локално време, соопштија градските противпожарни и спасувачки служби.

Според портпаролот на американската морнарица, станува збор за авион E/A-18G Growler.

Екипажот се катапултирал пред ударот, а набрзо биле извлечени од водата од страна на припадниците на американската крајбрежна стража.

Екипата на ABC 10 News се нашла во близина на несреќата, известувајќи за друга приказна, кога ги забележале последиците од инцидентот непосредно пред 10:30 часот.

Несреќата се случила во близина на поморската воздушна станица Северен Остров, недалеку од местото каде што се наоѓале новинарите.

Припадниците на Одделот за пожари и спасување во Сан Диего први пристигнале на местото на настанот, но се повлекле кога федералните тимови ја презеле спасувачката операција. Во операцијата учествуваа американската морнарица и крајбрежната стража.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Американските сили уништија ирански брод во Оманскиот Залив

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

Хемати: Американците се во заблуда дека иранската економија се урива

Горан Наумовски