Албанската полиција од Сарада синоќа запленила 154 килограми марихуана на албанско-грчката граница, јави дописникот на МИА.
Дрогата, според онлајн изданието на весникот „Шекули“, била откриена во возило на грчки државјанин.
Според полицијата, дрогата била пакувана во 137 пакетчиња и од селото Чифлик кај Саранда, до границата со Грција, била носена на раце, по што била натоварена во возилото на 22-годишен Грк од Мегара.
Тој успеал да побегне од местото на настанот, а полицијата презема засилени активости за асење на грчкиот државјанин и неговите соработници Албанци.
Пред два дена албанската полиција во близина на Корча заплени 200 килограми марихуна, чија крајна дестинација била грчкиот нарко пазар. Само во последната недела албанската и грчката полиција имаат запленето над 1200 килограми марихуана, главно произведена во селото Лазарат.