„Денови на комедија“ во Куманово

Од:

Со претставата „Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски, вечер во Куманово почнува 16. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“.

Фестивалот кој ќе трае до 18 октомври, има ревијален карактер, секогаш се одржува во првата половина на октомври и со него завршува сезоната на театарските фестивали во Македонија.

Во изминатите 15 години изведени се над 130 претстави, учествувале сите театарски куќи од Македонија, а од странските гостуваа националните театри од Софија, Белград, Нови Сад, Вараждин и Загреб.

Минатата година фестивалот забележа повеќе од 4.700 посетители.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање