Српската поп пејачка Јелена Карлеуша со години го гради својот профил на Инстаграм, на кој ја следеа околу 2 милиони и 400 илјади луѓе, а сега пејачката остана без него.
Пејачката често го користеше овој профил за да комуницира со фановите, споделувајќи ексклузивни фотографии, модни изданија и ставови за актуелните општествени проблеми.
Инстаграм профилот на Карлеуша беше еден од најследените на Балканот.
Причината за затворањето на профилот засега не е позната, но ова дефинитивно предизвика големо внимание во јавноста.
Нејзините следбеници сега се збунети и се обидуваат да ги дознаат причините за исчезнувањето на нејзиниот профил, додека Карлеуша се уште не се изјасни за ситуацијата.
Иако не се знае дали профилот е отстранет поради кршење на правилата на платформата, хакерски напад или самата пејачка решила да го деактивира, едно е сигурно – нејзиното исчезнување од Инстаграм остава голема трага, бидејќи таа е една од најактивните и највлијателните личности на домашната јавна сцена во Србија, а богами и на Балканот.