ВМРО-ДПМНЕ: Мирчевски е синоним за начинот на владеење на функционерите од СДС

Од:

СДС е партија која е криминално мочуриште. СДС е партија каде нејзините функционери додека биле на власт наместо за државата и интересите на граѓаните, работеле исклучиво за личен профит и профит на блиски лица до врхушката на СДС. Со секој нов ден на површина испливува целата лукративнист, аздисаност, криминал и корупција од мрежата на функционерите од СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кадарот на СДС Пеце Мирчевски кој е фатен во криминал и проневера на државни пари наместо за интерес на Службата и Владата работел за свој личен профит. Пеце Миречески кој како функционер ја крадел државата се уште е на партиска функција во СДС според нивната партиска интернет страница. Мирчевски кој крадел и злоупотребил народни пари е претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање. Доколку Филипче не го разреши другар му Мирчевски кој има сторено низа криминални дела и не се дистанцира од Мирчевски и нему сличните од кланот на Заев, СДС само ќе продолжат да тонат се подлабоко во политичкото мочуриште“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми