Турција треба да им плати над 60.000 евра отштета на 19 казнети Курди, реши Судот во Стразбур

Од:

Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека турските власти треба да им исплатат отштета од над 60.000 евра на 19 Курди, кои биле казнети поради барањето за „обраќање со почит“ кон лидерот на сепартистичката Курдска работничка партија (ПКК), Абдула Оџалан, јави ИТАР-ТАСС.

Според Судот во Стразбур, со одлуката на турскиот суд за одредување казни на Курдите било прекршило правото за слобода на изразување.

Во 2008 година 19 курдски активисти испратија петиција до правосудните органи во Турција со барањето за признавање на правото на употреба на турскиот збор „sayin“ (саин – почитуван) во обраќањето кон Оџалан.

По испраќањето на петицијата, меѓутоа, секој од потписниците беше казнет со по 700 евра поради „повикување на криминал и сторен криминал“.

Според Европскиот суд за човекови права, правото на слобода на изразување треба да се почитува и во случаите кога кажаните идеи може да „вознемират, шокираат или збунуваат“. Во таков случај е неопходна толерантност и дух на отвореност, без кои не може да има демократско општество, посочи судот во Стразбур.

Турција може да ја обжали одлуката на Судот во рок од три месеци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ