Тројца судии од Судски совет ќе истражуваат дали судијката Алексовска-Стојановска направила пропуст во предметот против Васил Јованов

Од:

Судиите Данка Ристова, Антоанета Димовска и Татјана Чачарова Илиевска се тројцата членови на Комисијата што е формирана од страна на Судскиот совет, а која во рамки на своите надлежности треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката Даниела Алексовска-Стојановска од Основниот Кривичен суд Скопје која за Васил Јованов, пресудила воспитно поправна мерка – упатување во поправен дом за малолетници за поседување и продажба на наркотички средства.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски денеска изјави дека Комисијата треба внимателно да постапува.

– Треба внимателно да постапува Комисијата, да не створи притисок врз апелационите судови бидејќи тие нормално треба да одлучат по таа првостепена пресуда. Ако е добра ќе ја потврдат. Ако сметаат дека не е во ред, дека постојат одредени повреди на постапката, ќе ја укинат или можеби ќе ја преиначат. Затоа треба Комисијата внимателно да изврши увид и откако ќе заврши со увидот, ќе направи свој извештај. Ќе се постапува паралелно. Меѓутоа, убаво би било да внимаваме бидејќи не сакаме да почувствува Апелациониот суд некаков притисок од наша страна. Доволен е притисокот што веќе го има од јавноста врз тој суд, изјави Камбовски, по седницата на Судскиот совет.

Пресудата за ова кривично дело против Јованов се уште не е правосилна бидејќи Апелациониот суд се уште се нема произнесено по жалбената постапка.

Васил Јованов е момчето кое ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје и кој се товари дека тоа го сторил со умисла затоа што возел без возачка дозвола, поминувајќи на црвено светло и под дејство на алкохол.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Продолжи судењето за таткото на Васил Јованов – одбраната реагираше за наведувачки прашања

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он