Извршени претреси во Одделот за општи и заеднички работи во МВР, одземени се мобилни телефони и обемна документација

Од:

Полициски службеници вчера по насоки на надлежен Јавен обвинител а во врска со предистражни дејствија поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи при МВР, извршија претреси на 16 локации врз основа на наредба издадена од Судија на претходна постапка, извести полицијата.

„Активностите беа преземени во координација со Јавното обвинителство околу предмет којшто е во предистражна постапка а за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи во МВР во врска со спроведена јавна набавка за потребите на Министерството. Притоа, одземени се мобилни телефони и обемна документација што ќе бидат дел од натамошна анализа и вештачење, а исто така беа извршени и службени разговори со повеќе лица“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп