Илјадници граѓани на Загреб денеска ги пречекуваaт ракометниот селектор Дагур Сигурдсон и хрватската репрезентација, кои постигнаа голем успех и на Хрватска и го донесоа сребрениот медал од Светското првенство во ракомет.
На приемот ќе настапат „Прљаво казалиште“, Далека обала, Запрешиќ Бојси и Марко Перковиќ Томпсон. Доаѓањето на Томпсон беше посебна желба на ракометарите бидејќи неговиот хит „Ако не знаеш што беше“ стана неофицијална химна на оваа генерација репрезентативци.
Главниот плоштад во Загреб е преполн со ентузијастички навивачи кои дојдоа да ја бодрат хрватската репрезентација.