Демонстрации во Берлин против екстремната десница, се собраа околу 160.000 луѓе

Од:

Околу 160.000 луѓе учествуваа на демонстрациите во Берлин против екстремната десница и зближувањето меѓу конзервативната десница и екстремната десница во Германија, забележано претходно оваа недела во врска со законодавните мерки за ограничување на имиграцијата, изјави портпарол на берлинската полиција.

Според организаторите на демонстрациите, учествувале 200.000 луѓе.

Тие се одржаа пред зградата на германскиот Парламент во центарот на Берлин. Следуваше поворка, на крајот демонстрантите завршија пред седиштето на Христијанско-демократската партија.

Претходно денеска лидерот на ЦДУ Фридрих Мерц увери дека евентуалната влада на чело со него по изборите нема да бара приближување со екстремно десничарската Алтернатива за Германија.

Би можело да ве интересира

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Таен дипломатски извештај содржи остри критики за новиот американски претседател Доналд Трамп

Спречен е напад на израелската амбасада во Берлин, уапсен е Либиец

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин

Медведев: Може да се случи „Мајдан“ во Берлин