Млад маж избоден со нож во центарот на Белград

Од:

Млад маж на возраст од околу 25 години утрово е избоден со нож во општина Палилула (дел од Белград) и побарал помош во Ургентниот центар.

Нападот врз младиот човек се случи утрово околу 6 часот на крстосница меѓу две улици.

Младиот човек е прободен со нож во раката и ногата, а пренесен е во Ургентниот центар.

Според првичните информации тој е нападнат од нему познато машко лице. Полицијата изврши увид на терен.

Мотивот за нападот не е познат, но полицијата интензивно работи на расветлување на овој случај и утврдување на идентитетот на напаѓачот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Приведен е старецот кој со нож ги нападна студентите во Нови Сад

А1он

Девојче од Црна Гора планирало терористички напад: Родителите во шок, оружје во куќата

Предраг Петровиќ

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се појави снимка од моментот на нападот со нож во Белград

(ВИДЕО) Детали од нападот со нож во Белград: Ќе ве убијам сите

Предраг Петровиќ

Притвор од 30 дена за напаѓачот кој го рани началникот на полицијата во Струга