Речиси 900 цивили се убиени во септември во Ирак, со што вкупниот број на загинати лица во 2013 година е поголем од минатогодишниот биланс, соопштија денеска Обединетите нации.
Повеќето крвопролевања се предизвикани од сунитските исламистички екстремисти. Освен 887 цивили, убиени се и 92 припадници на силите за безбедност.
Септемврискиот биланс го зголеми бројот на убиените лица оваа година на 5.740, а Багдад е територија со најмногу жртви.