Турската Влада до Парламентот достави резолуција за прекугранични воени операции во Сирија

Од:

Турската Влада денеска до Парламентот во Атина достави резолуција за прекугранична воена операција во Сирија, која предвидува продолжување за уште една година на важноста на сегашните овластувања.

Во резолуцијата се наведува дека конфликтот во Сирија претставува се поголема закана за регионалниот и светскиот мир и се додава дека таа закана во Турција секој ден се повеќе се чувствува.

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган на 19 септември најави дека новата резолуција може да вклучува одредени измени. Сегашната резолуција т.н. тезкере, истекува на 4 октомври.

Турскиот Парламент пред една година одобри резолуција за прекугранична воена операција, која може да биде спроведена доколку Владата процени дека тоа е потребно, откако на почетокот на октомври 2012 година при минофрлачки напад од Сирија загинаа петмина цивили во турскиот град Акчакале.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ