Руската воена база во Таџикистан ќе остане до 2042 година

Од:

Долниот дом на таџикистанскиот Парламент денеска ја ратификуваше новата спогодба со Москва, со која опстојувањето на руската воена база на територијата на Таџикистан се продолжува до 2042 година.

Министерот за одбрана на Таџикистан, Шерали Хајрулоев при претставувањето на договорот пред пратениците изјави дека руската воена база „ќе им служи на интересите на двата народа“.

– Руските воени сили ќе можат да пружат помош во случај на појава на терористички групации во земјата, истакна министерот.

Русија спогодбата ја ратификуваше во мај, а актуелниот договор со кој се регулираше престојот на руската база во Таџиистан истекува во 2014 година. Новиот договор беше објавен уште во 2011 година. Тој беше потпишан при посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Душанбе.

Руската воена база е отворена кон средината на минатата деценија.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот