„Црн петок“ за македонските маркети, граѓаните најавија бојкот, инспекторите на терен

Од:

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните да не пазаруваат во маркетите поради високите цени на прехранбените производи. Иницијативата која прво се случи во Хрватска, а вакви акции се најавени и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, доби поддршка од пошироката јавност, како и од партиите од власта и од опозицијата, додека надлежните институции најавија ригорозни контроли во маркетите и трговските објекти и итна реакција на терен.

Премиерот Христијан Мицкоски деновиве неколкупати искажа разбирање за бојкотот и најави засилени контроли и казни за трговците кои го изигруваат законот и мерки за заштита на животниот стандард.

Тој и вчера од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања, истакна дека нема да се дозволи, поединци да ги злоупотребуваат своите позиции и да заработуваат на грбот на граѓаните.

– Состојбата што ја затекнавме е алармантно катаклизмична. Има различни начини за справување со предизвиците, замрзнување на цени, замрзнување на маржите, замрзнување на дистрибутивните маржи… Тоа што ние прво го направивме е имплементирање на Законот за нефер трговски пракси, разговаравме со производителите и коморите се со цел да не применуваме офанзивни рестриктивни политики, туку тоа да биде со консензуален пристап и како резултат на тоа ја направивме новогодишната потрошувачка кошничка, рече Мицкоски.

Но, како што посочи, според сведоштва на граѓаните, дел од производителите, дистрибутерите и маркетите, се служат со трикови што доведе до поскапување на одредени производи, како што на пример беше цената на маслото за јадење.

Најави дека во периодот кој што следи Владата планира намалување на парафискалните давачки, односно како што рече, нешто што позитивно ќе влијае на намалување на цените.

Засилен мерки против непочитување на законот од страна на трговците, најави и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Тој даде поддршка за иницијативата за бојкот, со став дека е тоа граѓанско право на потрошувачите и дека тие имаат право сами да одлучуваат како и каде ќе ги трошат парите.

– Ги поддржуваме граѓаните во бојкотот пред се на маркетите кои изминативе години енормно ги зголемуваат цените на производите без никаква економска логика. Ние како Министерство за економија и труд носевме мерки за заштита на стандардот на граѓаните со замрзнување на маржата на основните прехранбени производи со цел да не дојде до енормно зголемување на цените каде што нема основа за истото и во таа насока ги поздравуваме ваквите иницијативи и граѓани со вакви активности. Изминативе години претходната влада ги толерирала трговците, кои за дополнителен профит преку нереалните зголемувања на цените дополнително се богателе на грбот на граѓаните. Ова однесување мора да запре, напиша Дурмиши на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Владата и Стопанската комора го поддржуваат денешниот бојкот на големите маркети

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

ВЛЕН: Ги поддржуваме нашите граѓани во денешниот бојкот

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ставовите на Славески се лични, го поддржуваме бојкотот на маркетите

Катерина Ѓуровски

Занаетчиите го поддржуваат бојкотот, в петок ќе даваат 10 проценти попуст

Катерина Ѓуровски

Министерот за економија ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите