Предлозите на турската Влада за проширување на човековите права во земјата, немаат за цел прекин на долгогодишниот конфликт со курдските бунтовници, соопшти денеска сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК).
– Во реформите недостигаат менталитетиот и капацитетот за решение, посочи ПКК во своетот соопштение.
Реформите, што вчера ги промовираше турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, вклучуваат право на образование и на други јазици, освен на турскиот, како и промена во изборниот модел, што беа и едни од клучните барања на Курдите во рамки на мировните преговори.
Турските власти пред околу една година почнаа мировни преговори со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан. Во март Оџалан прогласи прекин на огнот на ПКК и од мај курдските бунтовници почнаа да се повлекуваат од турска територија.