Притвор за 20-годишниот Јованов, кој на пешачки ја прегази младата Фросина – ова не му е прво кривично дело

Од:

Судија на претходна постапка вечерва му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Васил Јованов, кој вчера на пешачки премин, на црвено светло и во алкохолизирана состојба со возилото на својот татко, ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во близина на пекарата „Силбо“.

Јованов, како што соопшти обвинителството, вчера управувал патничко возило „Пежо 207“ во сопственост на неговиот татко, по десната сообраќајна лента од бул.„Партизански Одреди“.

Автомобилот го управувал без возачка дозвола со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, а кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.

„Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала“, соопшти обвинителството.

Она што става дополнителна дамка на овој трагичен настан, е што ова не му е прво кривично дело на 20-годишниот Јованов. Минатата година, тој од страна на МВР бил фатен со 80 опаковки амфетамин. На предлог на обвинителството, му била изречена мерка притвор. Јованов бил во притвор во истражниот затвор во Шутка 3 месеци, а обвинението било за две кривични дела, за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Но, Основниот кривичен суд Скопје носи пресуда со која на обвинетиот му изрекува  заводска мерка упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник (помлад од 21 година).

„Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување. Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложи жалба и предметот е во жалбена постапка“, соопшти обвинителството.

Апелацискиот суд и пет месеци по првостепената пресуда, се нема произјаснето по случајот. Токму во тој период, Јованов врши ново кривично дело, кое овојпат завршува со смртни последици за 22-годишната Фросина.

Би можело да ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Голема несреќа во Сеул: Автобус удри пешаци, 13 лица се повредени, двајца се тешка здравствена состојба

Горан Наумовски

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Десетина возила учествуваа во три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар

Горан Наумовски