Брајтон им објасни на Арапите како стојат работите – не го даваат Јапонецот за 65 милиони долари

Од:

Фудбалскиот клуб Брајтон ја одби понудата на Ал Наср од 65 милиони евра за јапонскиот репрезентативец Каору Митома, јавува вечерва „Би-Би-Си“.

Британските медиуми пренесуваат дека раководството на Брајтон ја одбило понудата од Саудиска Арабија, бидејќи во моментов не се заинтересирани за продажба на Митома, кој е еден од најдобрите играчи на англискиот клуб.

Сепак, се очекува во следните 24 часа челниците на Ал Наср да му испратат на англискиот клуб нова понуда, побогата, за јапонскиот репрезентативец.

Митома (27) има договор со Брајтон до 30 јуни 2027 година. Во Брајтон пристигна во 2021 година.

Јапонскиот фудбалер одигра 92 натпревари за клубот во сите натпреварувања и постигна 18 голови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Роналдо во солзи, неутешен по поразот во Купот на кралот

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ

Фудбалер на Брајтон со КОВИД-19

А1он