Ниту следната година нема да биде организиран попис на населението, потврди вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски.
– Не е планиран попис на населението за идната година и затоа нема планирани средства во Буџетот за 2014 година кои би биле наменети за негово реалзирање – изјави Ставревски.
За потсетување, попис на населението започна на 1 октомври 2011, но истиот набрзо беше откажан.