Првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, кој издржува затворска казна во Велика Британија, веќе трет ден трпи страшни болки, кои се повеќе го доведуваат во полусвесна и несвесна состојба, вели неговата ќерка Соња Караџиќ Јовичевиќ во изјава за „Срна“.
Таа предупреди дека повторно се случува отворен обид за убиство.
„Администрацијата и медицинскиот персонал на затворот Албани одбиваат да му помогнат и барем да го заменат катетерот кој беше поставен пред три месеци, а по честите блокади, конечно со денови не работи“, изјави Караџиќ Јовичевиќ.
Таа посочи дека Караџиќ повторно е во состојба на труење, не поради невнимание, туку поради јасна намера да го доведе во неповратна состојба на губење на свеста и неможност да комуницира со правните соработници и семејството, состојба од која тој не може да излезе.
„Повторно се соочуваме со отворен обид за убиство“, нагласи Караџиќ Јовичевиќ.
Караџиќ беше сместен во затворот Албани на островот Вајт, каде што издржува доживотна затворска казна откако беше осуден во Хашкиот трибунал.
Станува збор за затвор кој има репутација на еден од најлошите затвори во Велика Британија и не исполнува многу од условите предвидени со стандардите во повеќето европски земји.