Лицата кои нападнаа група студенти во Нови Сад беа сослушани во Основното јавно обвинителство во Нови Сад.
Обвинителството по овој повод излезе со соопштение, а неговото соопштение го објавуваме во целост:
„Во врска со настаните во текот на ноќта на 27.1.2025 година во Нови Сад, во врска со нападот на група студенти Г.К., К.С. и В.А., на улицата Новосадски саeм спроти број 29 и во врска со нападот на двајца студенти П.М. и К.С во близина на просториите на политичката партија „СНС“ бр.36, Основното јавно обвинителство во Нови Сад на 29.1.2025 година ги испраша осомничените за постоење основи на сомнение дека сториле две кривични дела насилничко постапување по член 344 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и едно кривично дело тешка телесна повреда од член 121 ст.1. Кривичниот законик, по што ова Обвинителство поднесе предлог Основниот суд во Нови Сад да им одреди притвор на сите осомничени поради ризик да ја попречат постапката со влијание врз сведоците на настанот доколку бидат ослободени и дека можат да го повторат кривичното дело доколку бидат ослободени за краток временски период“