Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Од:

Повеќе од 500.000 раселени Палестинци се вратија во северниот дел на Појасот Газа преку патиштата Ал Рашид и Салах ал-Дин, соопштија денеска властите во енклавата.

„Ова доаѓа по 470 дена принудно раселување од почетокот на геноцидот извршен од израелската окупаторска армија во Појасот Газа“, се вели во соопштението.

Новинарите на Ал Џезира на терен известуваат дека некои повратници на север одлучиле да се вратат во централниот дел на Појасот Газа, бидејќи на северот нема вода, храна, засолниште или санитарни услуги.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Ал Џезира: Израел продолжува со нападите врз Газа, загинаа најмалку осум Палестинци

Скај њуз: Стотици имиња отстранети од официјалната листа на смртни случаи во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62