Левица поднесе Предлог – закон за укинување на двојазичните декларации на производите

Од:

Левица во текот на вчерашниот ден поднела Предлог-закон за измена на Законот за потрошувачи со којшто се предлага укинување на двојазичните декларации на производите.

Како што истакна пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција, измените што ги предлагаат се во насока на зачувување на функционалноста на општеството и сврзувањето во нашето општество и во насока на зачувување на унитарноста на државата.

-Ова го нудиме наспроти јазичната сегрегација која веќе одамна партиите на елитата пробуваат да ја воспостават во Република Македонија. Нашата законска измена не е водена од емотивни причини, туку, просто, за зачувување на општото комуникациско средство за граѓаните во Република Македонија, истакна пратеникот Мециновиќ .

Тој потсети дека двојазичните декларации, како што вели, биле протуркани на брза лента од страна на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши од ДУИ и напомена дека истиот произлегува како ефект од т.н. Закон за двојазичност за којшто Уставниот суд има закажано седница во март.

-Законот има за цел и да ја исправи неправдата наметната врз македонските производители и потрошувачи кои со години трпат административни и финансиски товари наметнати од клиенталистичките политики на режимските партии. Со овој Закон бараме укинување на обврската за задолжителна двојазична декларација на производите и наместо тоа, трговците ќе имаат обврска само на македонски јазик и неговото кирилско писмо да ги доставуваат информациите за производите, а можноста за користење на други јазици е нивно дискреционо право, како што треба и да биде, образложи пратеникот од Левица.

Тој истакна дека овие измени се неопходни бидејќи актуелниот закон наметнува дополнителни трошоци на малите и средните трговци кои се соочуваат со економска криза.

-Оваа бирократска заврзлама директно ги става во неповолна положба македонските производители, особено оние кои произведуваат за извоз и за региони во кои не е потребна двојазична декларација, вели Мециновиќ кој рече дека очекуваат поддршка за овој Предлог закон.

Цел на овие законски измени, нагласи тој, е да се заштити македонскиот јазик како единствен службен јазик во целата држава, со цел општа комуникација за сите граѓани во државата, намалување на трошоците за производителите и трговците и олеснување на административните процедури со избегнување на дополнителните обврски наметнати во време на економска криза.

Би можело да ве интересира

Левица: Измените на Кривичниот законик предложени од ДПМНЕ се лажно „враќање“ на правдата

Горан Наумовски

Левица: Општината молчи додека „Зимзоленд“ незаконски работи

Горан Наумовски

Обвинение за Јанчев од Левица за смртта на 16-годишниот Матеј Димовски

Предраг Петровиќ

ЕСМ е во колапс – Узунчев бара кризна состојба за да го покрие хаосот во претпријатието

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Левица: Ќе доставиме докази до ДКСК за Томовски и фирмата „Сити Аутсорсинг”