Променливо облачно со повремен локален дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд поинтензивни во западните делови, а претежно во југозападните делови со услови за краткотрајни грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 6 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно, наутро магливо и претежно тивко. Од крајот на денот и преку ноќта ќе има повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 12 степени.

Денеска и во текот на ноќта кон четврток особено во западните делови ќе има врнежи од дожд кои најпрво во западните делови ќе бидат наместа поројни. Во четврток наместа и претежно на југот и југоистокот ќе има врнежи кои краткотрајно ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Во петок и сабота ќе биде стабилно, а од недела повторно се очекуваат врнежи.

Би можело да ве интересира

Нестабилно време – дожд, грмежи и засилен ветер

Дожд, грмежи и засилен ветер до петок

Топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер

Топло со темератури до 38 степени, попладне дожд

Сончево и топло, попладнe можен краткотраен пороен дожд

А1он

Сончево со мала до умерена локална облачност

А1он