Левица: Власта ќе бојкотира против власта – потребни се итни законски решенија против алчноста на трговците

Од:

Левица ја искажува својата поддршка за најавениот бојкот кон маркетите, што е своевидна кулминација на неспособноста на власта да стави крај на алчноста на трговците! Народот заслужува праведна економија, а не да биде заложник на монополи и профитерство. Сметаме дека бојкотот е легитимна форма на граѓански притисок, особено кога се соочуваме со манипулативно однесување на крупниот капитал и трговските монополи. Она што го видовме во Хрватска е пример за тоа како организираниот отпор може да предизвика реакција од трговците, велат од Левица.

„Потенцираме дека одговорноста целосно лежи во Владата, која е должна да изнајде долгорочни решенија за заштита на куповната моќ и регулирање на цените. Но, досега гледаме како власта предводена од Мицкоски е во директна спрега со крупниот капитал, чие богатење на грбот на граѓаните во континуитет го толерира.

Наместо да глуми опозиција и да бојкотира, ДПМНЕ треба да понесе одговорност и веднаш да ги ограничи маржите!

Иако Законот за нефер трговски практики беше чекор напред, истиот очигледно е недоволен и неправилно се имплементира. Затоа сметаме дека бојкотот може да делува како сигнал до трговците, но и до власта, дека граѓаните се незадоволни и свесни за манипулациите.

Сепак, без системски мерки од страна на Владата, како воведување на поголеми даночни обврски за монополи, контрола на маржите и заштита на домашното производство, бојкотот ќе биде само привремено решение“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Нов Луна парк само на хартија – раскинат договорот со „МАСТЕФ“, Градот без официјално образложение

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!