Зголемени трошоците на живот за 0,2 отсто

Од:

Трошоците на живот минатиот месец биле поголеми за 0,2 отсто во однос на август 2013, соопшти Државниот завод за статистика.

Порастот е резултат на повисоките индекси на алкохолните пијалоци за 1,2 отсто, рибата за 0,8 проценти, преработките од млеко за 0,7 отсто, преработките од овошје за 0,3, сушеното овошје и свежото месо за 0,2 отсто.

Според ДЗС, пораст на трошоците е забележан и кај лековите и помагалата за 6,4 проценти, авионскиот превоз на патници за 5,2, средствата за образование за 3,3, течните горива и гасот за домаќинствата за 3,1, цврстите горива за 2,7, нафтените деривати за 1,6, облеката, обувките и електричните апарати за домаќинстата за 0,4 и пијалоците во рестораните и хотелите за 0,3 отсто.

Намалување на трошоците на животот е евидентирано кај овошјето за 3,1 отсто, производите од жито за 1,2, зеленчукот за 0,7, преработките од зеленчук за 0,3, преработките од месо, преработките од риба, јајцата и другите прехранбени производи за 0,2 процента, кај туристичките аранжмани за 12,3 отсто, средствата за хигиена за 0,6, услугите за сместување за 0,3, мебелот и садовите и приборот за домаќинствата за 0,2 отсто.

Цените на мало во септември 2013 во споредба со септември 2012 година бележат пораст од 0,7 отсто, а трошоците на животот 1,6 проценти.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он