Шестмина повредени, меѓу нив и бебе во сообраќајка на Средно Водно

Од:

Во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат Скопје – Средно Водно се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „ауди“ управувано од С.Б.(60) и автомобил „цитроен“ управуван од В.Ј.(34), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот В.Ј., а телесни повреди здобиле неговите сопатнички М.К.(34) и шестмесечно бебе, како и возачот С.Б. и неговите сопатници В.Ј.(29) и К.В.(30), сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

Се преврте камион со бегалци, 18 мртви, меѓу загинатите се 10 деца

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он