Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

Од:

Обвинителството предводено од Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестијата на организаторите на 27 април. Сега, кога целата јавност знае дека токму ова Обвинителство дало согласност за нивната амнестија, го прашуваме Зијадин Села дали повторно ќе продолжи да му служи на „Европски фронт“. За нас, интересот на граѓаните и правдата се пред се, и ќе продолжиме цврсто да стоиме во одбрана на вистината, посочи на денешната прес-конференција Дритон Сулејмани од Влен.

Според Сулејмани, не постои ништо пониско од тоа да се користат болните настани, за да се добијат политички поени, а токму тоа го прави ДУИ, без никакво чувство на одговорност.

Според него, Зијадин Села е на фронтот со луѓе кои даваат позитивни мисли за амнестија на оние кои се обиделе да го убијат.

– Еден од најповредените пратеници беше токму Зајадин Села. За ова, целиот албански народ се солидаризира и изрази жалење. Осум години подоцна, кога новите соработници на Села, или всушност можеби и порано соработуваа, а сега станаа јавни, ги амнестираа луѓето кои се обидоа да се ослободат од Зијадин Села. Јавната одговорност е тешка и не секој што ја презема на себе успева добро да се справи, рече Сулејмани.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?