Новак Ѓоковиќ во петок изутрина (04:30 часот) игра во полуфиналето на Австралија опен, а ривал му е Саша Зверев.
Во пресрет на пресметката на Ѓоковиќ со Германецот за новото финале на првиот Грен слем сезонава, на социјалните мрежи се појави осквернавена фотографија од српскиот играч.
Налогот наречен „Младината на хрватското ослободително движење“ објави фотографија на која се гледа вандализирано возило за јавен превоз со ликот на Новак Ѓоковиќ.
Melbourne, Australija pic.twitter.com/E7MWXWLF80
— Mladež HOP-a (@MladezPokreta) January 22, 2025
Голема латинска буква U, симбол на усташкото движење, во црвена боја е испрскана преку лицето на српскиот тенисер.
Во Австралија живеат голем број Срби, но и Хрвати, но досега немало такви инциденти, а од Австралија опен не се изјаснија за овој потег.